„Ровер“, во кој беше осуден Љубе Бошкоски, падна на Апелација?


ljube

Судскиот случај „Ровер“, во кој Љубе Бошкоски според првостепената пресуда беше осуден на 12-годишна казна затвор, падна на Апелација, односно второстепениот суд одлучил случајот да го врати на повторно судење, објави „Фокус“, повикувајќи се на неофицијални извори.

Адвокатите сѐ уште не ја добиле одлуката на Апелација, но дел од обвинетите кои се во затвор, потврдиле дека денеска ја добиле пресудата на писмено.

Одлуката официјално ќе може да биде потврдена во петок, бидејќи утре е неработен ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1