Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 отворено потврди дека никој официјално досега не понудил спогодба за случајот „Рекет“, како и дека парите не се пронајдени.
Во врска со тоа дали клучните искази против Јанева се од нејзината колешка Лиле Стефановска и обвинетиот Кичеец, Русковска рече:
- „Тие не дале исказ на главна расправа, не можам да зборувам за искази на главна расправа, судиите треба да ги слушнат тие искази во судница“ – рече Русковска.
Таа вели парите не се пронајдени и лично мисли дека се потрошени.
- „Лично мислам дека тие пари се протошени“ – рече Русковска.