Русија – експлозија во станбена зграда – под рушевини повеќе од 70 луѓе


Најмалку тројца се починати, а 79 се водат како исчезнати при експлозија на гас во станбена зграда во Магниторск во јужен Урал.

Се слушаат плач и лелеци на луѓе под урнатините. Досега се спасени тројца, а во зградата живееле 110 луѓе во 48 станови.

Како што пренесуваат руските медиуми, 16 лица се евакуирани. Експлозијата го потресла станбениот комплекс утринава околу 4 часот по локално време, потполно рушејќи еден од неговите делови.

Околу 110 лица се регистрирани како жители на зградата, а судбината на 79 се уште е нејасна-изавил за новинарите заменик гувернерот Олег Климов.

Трагедијата е предизвикана од екслозија на гас, јавува регионалната канцеларија на Сојузната служба за безбедност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1