Опасно заболување се шири во Штип: Едно лице почина, уште тројца заболени


Пензионерка од Штип на 65-годишна возраст починала, а три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата, независно дали тие се скитници или домашни миленичиња, објави Независен.

-Покрај починатата пензионерка, во последните три месеци од оваа година ние се соочивме и со три нови заболувања од кои едно во текот на минатиот, а две во текот на овој месец. Во ноември имавме заболено женско бебе на едногодишна возраст, а овој месец веќе имаме две заболени лица од машки пол, едното на шест, а другото на 69-годишна возраст. Ниту едно од овие лица не поседувало куче како домашен миленик, вели д-р Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје.

Оваа ситуација во Центарот за јавно здравје се оценува како алармантна.

Пренесувач на болеста е таканаречената песочна мушичка, која е со големина од една третина на комарецот и поради тоа тешко се забележува со голо око. Оваа мушичка цица крв од заболено куче, а потоа паразитот го пренесува од кучето на човекот.Заболените кучиња можат да се препознаат по тоа што слабеат, ги губат влакната од телото, имаат заматени очи, рани по телото и им растат необично долги нокти. Од Центарот за јавно здравје во Штип предупредуваат дека секој сопственик кој ќе забележи такви симптоми кај своето милениче веднаш треба да го однесе на ветеринар.

-Болеста е со долга инкубација, се карактеризира со малаксаност, намален апетит и слабеење на црниот дроб и слезината и пад на сите елементи од крвната слика. Бидејќи ова паразитско заболување е прикриено додека да се открие минува драгоцено време, а ситуацијата станува сè полоша кај заболените.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1