Во Нов Зеланд и Австралија веќе дојде новата 2019 година (Видео)


Нов Зеланд и Австралија влегоа во новата 2019 година

Новата 2019-та најпрво пристигнала во државите Самоа и Кирибати, како и во Тонга.

Жителите на Кирибати, односно Божиќниот остров, отсекогаш во новата година влегувале први.
Еден час по нив во новата година влегува Австралија, кога ќе почнува славниот огномет во Сиднеј.

Еве како беше прославена и дочекана Нова Година во Нов Зеланд и Австралија

Самоа, остров со вкупно 180.000 жители, пред неколку години поради економски причини ја променил страната на датумската граница, па од источна страна преминал на западна.
Поради тоа во новата година Самоа влегува прва, а не последна, како претходно.

По Тонга, Самоа и Кирибати, поголемиот дел од Австралија ја дочекува новата година, а по неа следат Јапонија, Јужна Кореја, мал дел од Русија и Индонезија, па потоа следат Индија, Шри Ланка, Азербејџан, Ерменија, УАЕ, Оман и Сејшелите.
Во 22 часот по Гриничко средно време, 2019-та ќе ја дочекаат Грција и уште 30 земји, како и Јужноафриканската Република, Сирија, па потоа во 23 следат следат Германија и уште 43 земји. Во 04:00 во новата година влегуваат Канада, Боливија, Венецуела, Барбадос, а во 06:00 во Новата година влегуваат поголемиот дел од САД и Централна Америка, додека во 09:00 Алјаска и некои региони на француска Полинезија.
Први јануари последна ќе го дочека Американска Самоа и островот Нијуе во јужниот дел на Пацифичкиот океан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1