Русиja: Готово е, пропаднавме!


Компаниите не мора да ги враќаат долговите во долари, 45 проценти од позајмиците се од „off shore“ компании, но руските камати ќе ги убијат. Руската сфредишна банка во вторникот ја подигна каматата од 10,5 на рекордни 17 проценти за да го запре падот на рубљата. Не успеа и до крајот на денот, рубљата падна на  8,2 проценти на 70,22 за долар. Тоа беше најстрмното паѓање на рубљата во последниве 16 години, а валутата оваа година изгуби дури 54 проценти од вредноста.putin gas
За „Блумберг“, Пер Хамарлунд, главниот стратег за растечките пазари изјави дека “нивните берзански работници јавуваат дека никој повеќе не се обидува да купи рубљи. Мислам дека 17 проценти ќе им дадат барем еден месец колку за да земат здив, но ситение ова го гледаме во светлото на настаните во 1998. и 1999 година”, кога Русија банкротираше.
Најмногу проблеми има приватниот сектор. Рускиот весник „Ведомости“ пренесе панични коментари на руските финансиери во пресрет на владината седница за состојбата на финансискиот сектор како што најави премиерот Дмитри Медведев. Тие сметаат дека средишната банка со последните интервенции само долева масло на огнот и придонесе за уништување на пазарот.
Наскоро ќе видиме корекции на берзата, по кусата распродажба на обврзниците и идните шест месеци пазарот свечено ќе умре, а ликвидноста конечно ќе исчезне, најави претседателот на компанијата за инвестиции „ Moscow partners“, Еуген Коган. Паниката на рускиот финансиски пазар почна да се одразува во источна и средна Европа, акциите на „Raiffeisen“ банката паднаа за 8 проценти поради нејзината изложеност во Русија.
-Ова е крај на банкарскиот систем, изјави за весникот „Ведомости“, неименуван директор на руска банка.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1