Русија му кажа “не” на iPhone


Apple доби сериозен удар од Русија, која со своите 180 милиони мобилни претплатници, е еден од најголемите пазари во светот. За сега трите најголеми оператори во земјата, кои држат 80% од пазарот, во своите понуди го немаат iPhone и изгледа дека во најскоро време оваа ситуација нема да се промени.

image

Минатата недела ситуацијата на Apple се усложни дополнително, бидејќи и операторот VimpleCom кој продава телефони од марката Beeline, го извади iPhone 5 од својот каталог и го замени со Samsung Galaxy S4. Најголемиот играч на локалниот пазар MTS пак застана на страната на Microsoft и во моментов агресивно рекламира уреди со Windows Phone.

Причините за ситуацијата:

Од една страна, во Русија има забрана на операторски субвенции за уреди, факт кој ги прави паметните телефони на Apple непривлечни за корисниците. Во исто време локалните даноци, како и давачките за увоз, се доста високи и ја зголемуваат дополнително цената на производите. Отклучен iPhone 5 чини цели 918 долари во рускиот Apple Store, додека неговата цена во САД е 649 долари.

На последно место доаѓаат и силно обврзувачките договори на Apple, кои веќе не се по вкусот на локалните оператори. Tиe се чувствуваат доволно силни и влијателни, за да не дозволуваат монопол од страна на производителите.

SocialNet

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1