Детроит прогласи банкрот – најголем во американската историја


Некогаш центар на автомобилската индустрија и симбол на индустриската моќ на Америка, Детроит денес полупразен град кој не може да си ги плати долговите.Со официјалното прогласување на банкрот, Детроит стана најголемиот американски град кој што ги презел овие драстични мерки. Во продолжение прочитајте за пропаѓањето на Детроит низ бројки!

Со децении домот на автомобилските гиганти Џенерал Моторс, Крајслер и Форд ја моторизираше американската економија. Тоа им овозможи на многу семејства да стекнат подобар животен  стандард и да се преселуваат во предградијата.

Така, добар дел од најурбаните делови на градот станаа гета со сиромашни жители кои претставуваат слаба даночна база. Еродираа градските услуги, пораснаа невработноста и криминалот, а во 2008-та кризата зададе силен удар на автоиндустријата.

Сега Детроит има долгови од 18 милијарди долари. Еден во пет жители е невработен, а 70 илјади згради се ненаселени.

Во најголема опасност се пензиските фондови на работниците. Ако не се најде решение, тие би можеле да добијат само мал дел од своите заштеди или пак воопшто да не бидат исплатени.

Што се не функционираше во градот?

● Цели 58 минути граѓаните морале да чекаат полицијата да одговори на повикот, додека националниот просек изнесува 11 минути

● Само една третина од амбулантните возила биле во функција во првиот квартал до 2013 година

● Во градот има околу 78.000 напуштени станови

● Бројот на убиства достигнало највисоко ниво во последните 40 години

● Околу 60% од децата во градот живеат во сиромаштија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1