Пештерските луѓе биле дрогирани кога сликале на карпите


Научниците од Токио ги проучувале пештерските цртежи ширум светот и дошле до заклучок дека мотивите на првите уметници личат на оние настанати за време на тестирањето под влијание на дроги во модерното време.

Билките кои пештерските луѓе ги конзумирале за време на своите духовни ритуали можеле да содржат психотропни супстанции кои предизвикувале промени во мозочните функции. Истражувачите тврдат дека луѓето активно ги барале тие билки, како би ги прошириле визиите за светот околу нив.

Според нивната студија, човековиот мозок создавал одредени образци и облици кога е во состојба на изменета свест. Пештерските цртежи ширум светот се стари околу 40 илјади години и сите покажуваат слични мотиви, без разлика на тоа од каде потекнуваат и каде настанале. Сите тие се слични на оние кои во модерното време ги сликаат луѓето со изменета свест. Тоа истражување навело до заклучок дека дека пештерската уметност била инспирирана со различните ритуали и халуцинации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1