Русија нема да остане должна – ако и воведат санкции ќе го укине доларот


Доколку САД и наметне санкции на Русија поради Украина, Москва би можела да биде принудена да го отфрли доларот како резервна валута, вели советникот на Кремљ, Сергеј Глазиев

dolariВо тој случај како што наведе, Русија би добила отплата на кредитите во американските банки.

Овој експерт, кој властите често го користат да ги изнесат своите цврсти ставови, но кој не креира политика, додаде дека, доколку Вашингтон ги замрзне банковните сметки на фирмите и поединците, Москва ќе им препорача на сите кои поседуваат американски обврзници да ги продадат.

Доколку САД воведат санкции кон Москва поради Украина, Русија би можела да ја намали нулта вредноста на својата економска зависност од САД, рече тој, предупредувајќи дека на американскиот финансиски систем му се заканува „крах“ ако тоа се случи.

-Би нашле начин не само да ја намалиме својата зависност од САД на нула, туку и да извлечеме од тие санкции поголема корист за себе, рече тој.

Со тоа според него, би била завршена доминацијата на САД во финансискиот свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1