Собрал туѓо дете од градинка – сфатил дури откако стасале дома


Неименуван 79-годишен маж од Конектикат добил задача да си го собере внукот од градинка. Но, тој собрал туѓо дете и го сфатил тоа дури откако стасале дома.

dete gradinkaКога на првата крстосница светел десно наместо лево, петгодишното момче, кое по грешка го земал од градинката, почнало да вика дека живее во друга улица, која, случајно, била истата на која живеел и вистинскиот внук.

Дедото го замолчил со зборовите: „Знам каде живееш. Но, мајката ти е болна и затоа ќе одиш кај мене!“

Кога влегле во гаража, момчето одбило да излезе од автомобилот. Дедото морал да ја повика бабата, која доживеела вистински шок кога го здогледала „внукот“.

„Имаш туѓо дете“, извикнала таа, а потоа се јавиле во градинката за да ја пријават „грешката“.

Во меѓувреме, и мајката на момчето доживеела шок кога нејзиниот петгодишни син не излегол од училиштен автобус заедно со другите деца.

Родителите на момчето кое по грешка било земено сега ја обвинуваат управата на градинката зашто не известиле полиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1