Спасувачите кои работат на местото на несреќата каде што се урна рускиот авион во Синај пронашле тело на тригодишното девојче на 8 километри од пронајдените остатоци од авионот, соопшти Агенцијата “Франс прес”, повикувајќи се на офицер од египетските вооружени сили.
Територијата на истрагата од страна на египетските и руските спасувачи е зголемена на радиус од 15 километри. Според некои информации, остатоците на авионот се расфрлани на 30 километри од падот на главниот дел, што е спротивно на првичните извештаи.
Трупот на детето е најдено толку далеку од остатоците на авионот што наведува кон верзијата дека тој може да се поделил уште во воздухот како резултат на експлозија, сметаат приврзаници на теории на заговор.
Нашиот син беше на одмор со неговата сопруга и со ќерката. Девојчето имаше само десет месеци, низ солзи велат родителите на еден од 224 патници и членови на екипажот кои го загубија животот по уривањето на авионот во Египет
Првичните информации беа дека авионот А321 се урнал при удар во карпа. Но на сликите од местото на трагедијата, се гледа претежно рамен терен. Досега спасувачите пронашле остатоците на 175 од патниците и екипажот на авионот. Првите 163 трупа веќе се пренесени во мртовечница на Каиро.