ВИДЕО: Трамвај разнесе 14 автомобили откако патничка притиснала погрешно копче


10-тонски трамвај разнесе 14 автомобили во градот Алмати (Казахстан), откако патничка го притиснала копчето „Старт“, наместо „Сопирачка“.

Луѓе кои сведочеле на несреќата за Русија денес објасниле  дека трамвајот запрел на постојка, а возачот заминал во задниот дел да поправи некој дефект.tramvajj

Тогаш возачот од една жена побарал да го притисне копчето за сопирање, но патничката се збунила, па го притиснала копчето за забрзување.

Откако трамвајот удри во вкупно 15 автомобили, еден од патниците успеал некако да го најде „вистинското“ копче и да го сопре трамвајот.

Инаку во несреќата биле повредени четири лица.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1