РУСИЈА ВО ШОК: Семејствата на загинатите во солзи, преживеани нема (ФОТО)


Во авионот имало 217 патници руски туристи, од кои 17 биле деца и 7 членови на екипажот. Спасувачките екипи веќе пронашле делови од авионот кој се поделил на два дела, како и тела на 100 патници.Официјално лице за руската агенција Тасс изјавило дека е на местото на трагедијата каде се гледаат многу мртви тела. Многумина биле заглавени во своите седишта

Патниците се враќале од летувалиштето во Шарм ел Шеик  кон дома во Санкт петерсбург кога авионот Ербас еј 321 , 23 минути по полетувањето се урнал во Синај.sok_thumb_medium500_202

Во авионот имало 217 патници руски туристи, од кои 17 биле деца  и 7 членови на екипажот. Спасувачките екипи веќе пронашле делови од авионот кој се поделил на два дела, како и тела на 100 патници.Официјално лице за руската агенција Тасс изјавило дека е на местото на трагедијата каде се гледаат многу мртви тела. Многумина биле заглавени во своите седишта.

Авионот се поделил на два дела – едниот помал кој се запалил и вториот кој удрил во карпа. И покрај првичната изјава на египетскиот министер за транспорт дека спасувачките екипи слушнале и повици за помош од евентуално прежиевани патници, потврдено е дека нема преживеани  во авионската несреќа. Роднините на настраданите патници во шок пристигнуваа на аердоромот во Санкт Петересбург, надевајќи се на чудо.FF54DEF2BBE8CA47B27198BEEB0E9DEE_thumb_medium500_281

,,Не знам ништо, на аеродромот разбрав з анесреќата. Никој ништо не кажува, не можам да зборувам. Во авионот е ќерка ми која има 20 години„

„Никој ништо не кажува сите молчат. Ако е точно тоа што го зборуваат…син ми отиде на одмор со ќерката и сопругата“..

На местото каде што авионот се урна се одвиваат  жестоки борби мегу ИСИЛ и египетските воени сили но според првичните изјави од египетските власти авионот не бил мета на напад туку најверојатно причина за падот е технички проблем.

Пилотот на авионот јавил дека имаат технички проблеми и побарал итно да слетаат на најблискиот аеродром, по што бил изгубен секаков контакт .

Руските истражни органи отворија истрага за како што рекоа повреда на правилата на летање, а египетскиот врховен обвинител нареди истрага за падот на авионот.

pad-ruskog-aviona-sinaj-aerodrom-pulkovo-1446291919-774561

Египетскиот премиер изјави дека истрагата ќе се одвива во координација со руските тимови. Во Русија за утре е прогалсен ден на жалост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1