Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирала 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович.
Се очекува да се вратат уште поголем број на туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани.
Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше сите летови кон таа земја по падот на рускиот авион над Синајскиот полуостров пред девет дена при што 224 лица го загубија својот живот.
Руските туристи го напуштаат Египет без багаж, кој ќе им биде доставен со редовните летови.