Русија за 24 часа евакуира 11.000 туристи од Египет


Руските власти во последните 24 часа од Египет евакуирала 11.000 руски туристи, изјави денеска заменик премиерот на Русија, Аркадиј Дворкович.avion vnatre patnici

Се очекува да се вратат уште поголем број на туристи, рече Дворкович и додаде дека денеска уште поинтензивно ќе се транспортираат руски граѓани.

Околу 80.000 Руси останаа „заглавени“ во Египет, најмногу во Хургада и Шарм ел Шеик, откако официјална Москва ги суспендираше сите летови кон таа земја по падот на рускиот авион над Синајскиот полуостров пред девет дена при што 224 лица го загубија својот живот.

Руските туристи го напуштаат Египет без багаж, кој ќе им биде доставен со редовните летови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1