Русија: Западот се обидува да организира обоена револуција и во Македонија


Москва смета дека Европа е вмешана во конфликтот во Куманово. Руското министерство за надворешни работи објави соопштение на својата интернет страница во кое се вели:

Веста објавена во српските медиум за притвор на Црногорец во Македонија кој им помагал на косовските албански екстремисти е уверлив доказ за надворешен обид за ослабување на политичката ситуација во земјата и таа да се втурне во амбисот на обоената револуција.rusko_mnr

Тоа е доказ дека западните организатори на таквите катастрофални сценарија при нивното спроведување, како во Украина, а сега во Македонија, сакаат да користат свои луѓе, државјани на земји, како Црна Гора, кои се привлечени од мамката на НАТО.

Повеќе од очигледна е опасноста дека Европа сега предизвикува хаос и на Балканот, почнувајќи спирала на конфликти во регионот кој се уште се нема опоравено од крвопролевањата во 90-тите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1