Русите објавија снимка: Убиени се 120 џихадисти (ВИДЕО)


Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа напад на руската авијација врз терористичката организација Исламска држава, јавува Спутник.

Руската авијација уништила 32 пикапа и ликвидирала повеќе од 120 припадници на терористичката група, кои на 25 мај патувале од сирискиот град Рака кон Палмира, јавува Спутник повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана на Русија

-По примената информација, командата на рускиот контингент во Сирија презела мерки со цел да се спречи преместувањето на терористите, рекол изворот.

Според него, сите обиди за преместување на терористите кон Палмира и нивното прегрупирање ќе бидат запрени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1