Русите влегуваат воено во Украина – за десет дена!


Според експертите од САД, како и советникот на Кремљ – Илирионов, следната фаза на украинската криза е воен ангажман на Русија, и тоа пред се превземањето на полуостровот Крим во кој од далечната 1787 година се наоѓа нивната морнаричка флота, и на кој меѓу тамошните 2 милиони жители има над 60 проценти Руси.

APTOPIX Ukraine ProtestsОколу 10.000 луѓе демонстрираа вчера на Крим, во градот Севастопол, извикувајќи дека фашисти дошле на власт во Киев, и го сменија градоначалникот кој е претходно поставен од Киев, а власта ја превзема локалниот бизнисмен Виталиј Чали избран на протестите.

Во исто време, рускиот премиер Медведев, изјави дека за Москва власта во Киев е нелегитимна бидејќи е создадена по пат на вооружен државен удар. Според Медведев, новите власти во Киев превземале мерки за укинување на рускиот јазик какао службен, иако тој закон важи во Украина од времето на нејзиното современо постоење, од 1924 година. Освем ова, се превземаат насилни акции и терор врз руското население во Киев и западна Украина. Ние не можеме да преговараме со парамилиции и луѓе на власт со пушки и маски на лицата, изјави Медведев.
Откако група на украински десничарски радикали најави дека со автобуси патуваат кон Севастопол да воспостават ред, денес руски воени транспортери, под полна воена опрема од нивната морнаричка база, се појавија низ улиците на Севтастопол со објаснување дека се подготвуваат да го заштитат руското население од насилниците.

slike_svet_6_vladimir_putin1_939301746Новиот украински министер за внатрешни работи издадае потерница по претседателот на Украина Јанукович, но плашејќи се од немири доколку биде уапсен и суден во Киев, денес Парламентот донесе одлука судењето на Јанукович да се одржи во Хаг, пред меѓународниот кривичен суд.
Иако поранешната премиерка Јулија Тимошенко беше ослободена од затвор, и пречекана во Киев, но два дена потоа таа најави заминување во Германија, на лекување. Во Киев не беа среќни од нејзиното враќање, пред се затоа што друга опозициска тројка се бореше против Јанукович, и неочекувано маса од над 5.000 луѓе одржа протести против враќањето на харизматичната Јулија Тимошенко во политиката, по што таа најави заминување од Украина за Германија.

Ден потоа своја кандидатура за претседател на изборите во мај најави еден од тројцата опозициски лидери, боксерот Виталиј Кличко.

Кетрин Ештон, висок претставник за надворешна политика на ЕУ побара од Русија да помогне во трансформацијата на Украина. Но, во Москва не се согласуваат со неа.

Андреј Илирионов, поранешен советник на руската влада смета дека Путин ќе почне воена акција за заштита на Русите во Украина, и руските интереси во таа држава.

Украина нема општоприфатена власт, и никогаш во иднина нема да биде послаба од сега, смета Илирионов, и тоа е предизвик за Москва кој нема да помине без акција.

Веќе се подига борбената готовност на руските воени трупи, а наскоро треба да заврши и територијалната организацијата на Западна Украина која не ја признава власта во Киев.
Воените дејствија во Украина може да се очекуаат за најмалку седум дена, но не повеќе од три неделни до почетокот на воените судири кои во Украина ќе се водат за заштита на руските интерси, и уставниот поредок пред државниот удар, изјавува советникот Илирионов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1