Кој го плати убиството на Ѓинѓиќ?


Формирање на нова владина комисија која ќе треба да одговори на прашањето кој стои зад убиството на премиерот Ѓинѓиќ

Владината комисија која се занимава со ова прашање треба да одговори кој во земјата или во странство имал политички или финансиски интерес да го убие Зоран Ѓинѓиќ објавува српски “Блиц”. Досегашната истрага се фокусираше не само спрема оние кои го извршија ова убиство. Затоа од исклучително значење е дали осудените за атентатот на премиерот добиле пари и од кого ги добиле, посочи адвокатот Рајко Даниловиќ, правен застапник на семејството Ѓинѓиќ.

zoran djindjicТој исто така додал дека вицепремиерот Александар Вучиќ ја има поддржано иницијативата да се формира комисија која би ја истражило позадината во убиството на српскиот премиер. Членовите на оваа комисија се веќе познати и ја сочинуваат бившиот судија Марко Краљевиќ, адвокатите Рајко Даниловиќ, Олгица Батиќ и Анте Бошковиќ, како и претставници на БИА, обвинителството и министерството за правда.

– Вучиќ рече дека Србија го почитува барањето на европските парламентарци да се откријат и приведат висинските нарачатели и финансиери кои имаат учествувано во атентатот на премиерот. Овој случај треба да биде во рацете на државна комисија во која треба да се одреди нејзиниот состав, цели и компетенција. Се уште не е одлучено дали тоа ќе го направи сегашниот технички кабинет на Ивица Дачиќ, идната влада или некоја друга државна институција, изјави Даниловиќ

Известувачот во Европскиот парламент за Србија, Жељко Кацин минатата недела изјави дека е известен затоа дека постои дополнителна документација надвор од Србија за атентатот на премиерот Ѓинѓиќ и дека тоа би можело да биде искористено за покренување на нова истрага. Тој исто така напоменува дека мора да се расчистат сите отворени прашања во врска со делувањето на службите за безбедност и нивната поврзаност со организираниот криминал и политичките структури. Кацин е еден од четирите пратеници во Европскиот парламент кои упатија писмо до Директоратот за проширување на ЕУ во кој се бара да се расветли позадината за убиството на Зоран Ѓинѓиќ како услов во двете преговарачки поглавја во преговорите на Србија со ЕУ во врска со правосудството и основните права.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1