Третата галија се закотвува во Вардар


Се расчистува дното и се подготвува теренот за втемелување на објектот.

galijaТретата галија е лоцирана спроти Археолошкиот музеј, помеѓу мостот „Око“ и Мостот на уметноста. Овој туристичко-угостителски брод, за разлика од другите два, кои се замислени само како ресторани, ќе има и дел што ќе функционира како хотел.

Тој ќе поседува и систем на хидраулика што ќе го крева и ќе го спушта објектот во зависност од водостојот на реката. Бродот ќе биде долг 35 метри, а широк 15 м. Хотелскиот дел ќе содржи 16 соби и два апартмани.

Над палубата ќе се издигне триесет и петметарски јарбол на кој ќе се вее знаме. Иако целата конструкција на објектот ќе биде метална, таа однадвор ќе биде обложена со дрво.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1