Руска шпионка му нуди брак на Сноуден?


Поранешната руска шпионка Ана Чепмен денес му понудила брак на поранешниот службеник на американската Национална безбедносна служба (НСА) Едвард Сноуден, кого американските власти го обвинија за шпионажа.

Ana-Cepman-001Сноуден, како што се верува, со денови се наоѓа на меѓународниот дел на московскиот аеродром Шереметјево, каде што, без пасош, чека некоја држава да му одобри азил.

„Сноуден, ќе се ожениш ли со мене?“, напишала на својот твитер-профил Ана Чепмен, која од САД беше протерана во 2010 година. Поранешниот службеник на НСА побара азил од Русија, но набргу го повлече барањето, откако Путин изјавил дека Сноуден треба да „престане со активностите што им штетат на САД“ ако сака да остане во Русија.

ana tviter

Ана Чепмен од САД беше протерана поради шпионажа, заедно со уште девет руски агенти.

Откако се врати во Русија, таа многу често се појавува во медиумите, што е невообичаено за поранешен припадник на тајните служби.

MKD.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1