Руската амбасада ѝ одговори на американската: Турски тек е решение за загадувањето


Руската амбасада ѝ одговори на американската амбасада преку Твитер дека решние за загадениот воздух во Скопје е Турскиот тек, односно гасифицирање на домаќинствата.

Амбасадата на САД вчара праша „Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ и објави фотографија од Амбасадата под која напиша дека загадувањето во Скопје било толку големо што одвај се гледала згрдата.

„Сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од американската амбасада кои бараат идеи за намалување на загадувањето на воздухот. Турски тек“, напишаа од руската амбасада на Твитер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1