Руската војска на Антарктикот го однесе мистериозниот објект „Сандакот на Габриел“ (видео)


Во извештајот на Министерството за одбрана се наведува дека руската војска добила задача да го заштити истражувачкиот брод кој се упатил на Антарктикот со мистериозен објект под име „Сандакот на Габриел“.voen-brod-650x320

Се вели дека „Сандакот на Габриел“ има воено-религиска важност и дека претседателот Путин наредол голем број воени бродови да се испратат на патот од Саудиска Арабија до Антарктикот. Во извештајот се наведува дека оваа мисија почнала така што претставниците на џамиите во Мека и Саудиска Арабија контактирале со Неговата Светост, партијархот Кирил на 25 септември во врска со мистериозата древна „направа3 откриена под џамијата Масид ал Харам во текот на контраверзниот проект кој почна во 2014 година. Претставниците на џамиите се исплашиле кога мистериозната „направа“ била откриена од 15 копачи кои настрадале во експлозија која настанала кога се обиделе да ја ископаат. Таа иста плазнатска експлозија била толку силна што направила хаос и над површината, уривајќи го кранот за градење и усмртувајќи околу стотина луѓе. Исто така се наведува дека уште еден обид за ископување на овој уред бил спроведен на 24 септември кога во новата експлозија настрадале преку 4.000 ljudi, а за тоа властите во Саудиска Арабија обвиниле стампедо.

Бидејќи голем број луѓе настрадале во обидите да се отстрани овој мистериозен уред, претставниците на џамиите контактирале со Неговата светост, патријархот Кирил прашувајќи го за прастариот исламски ракопис кој го поседува руската православна црква откако бил спасен во 1204 година кога римокатоличките крстоносци влегле во Црквата Света мудрост (денес позната како Аја Софија) во Константинопол (денешен Истанбул), а кој се вика „Упатства на Габриел за Мухамед“.

Важно е да се напомене, иако тоа многумина не го знаат, дека римокатоличките крстоносци војувале и против исламот и против руската православна вера, што е една од причините што руската праволсвна црква ги сочувала и своите и исламските религиски записи.

Во ракописот се опишани упатства кои анѓелот Габриел му ги дал на Мухамед во пештерата Хира, која се наоѓа на планината Џабал ал Нур, во близина на Мека, а во која се наоѓа некаква кутија/ сандак со неверојатна моќ која не смее да се користи затоа што му припаѓа само на Бога и која треба да да се закопа во храмот кој ангелите го користеле за обожување пред човекот да биде створен се до денот Јавам ал Кијамах, што во превод значи „Денот на воскресението“.
Кога претседателот Путин слушнал за важноста на состојбата на 27 септември тој веднаш наредил да се спроведе мидија за пренесување на сандакот на Антартикот, но три дена подоцна, на 30 септември, им нареди на воздушните сили да почнат со напади на терористите на Исламската држава во Сирија.

Не е познато за што точно служи мистериозниот уред, ниту зошто го преместуваат на Антартикот

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1