Британски Guardian на својата веб страна објавил снимка од приватен телефонски разговор меѓу руските амбасадори на Еритреја односно Зимбабве, Игор Чубаров и Сергеј Бакарев. За време на разговорот слатко се изнасмеале за стравот на Западот од евентуален освојувачки поход на Русија.
Чубаров: ” Им повторувам на оние од ЕУ: луѓе, Крим го земавме, но тоа не е крај. Ќе ја земеме и Каталонија, Зимбабве, па Шкотска и Алјаска. И тогаш ќе се смириме”. и двајцата почнале заразно да се смеат.
“Ќе се смириме во прва фаза”, продолжил Бакарев, а Чубаров му одобрува и ги најавува Латвија, Естонија, Бугарија и Романија.
“Не, нив нема. Подобро да ги земеме Калифорнија и Мајами, такви “ненаселени” региони”, кажал низ смеа Бакарев. “Во Мајами и онака има 95% Руси. Може да одржиме референдум”.
Откако слатко се изнасмеале, се поздравиле и го завршиле разговорот. Guardian не соопштил кој го снимил разговорот и дали е воопшто автентичен.