Руски брод ненадејно се појави во Куба!


Станува збор за известувачко – разузнавачкиот воен брод „Виктор Леонов ЧБ – 175″, кој е опремен со софистицирана опрема за електронски следење, како и со ракети и противвоздушно вооружување.

Агенцијата АП истакнува дека неговото присуство го привлекло вниманието на љубопитните жители на Хавана.

kubaНа јарболот на бродот се виорат руското и кубанското знаме, наведува АП.

Куба и Советскиот Сојуз имаа блиски воени и економски врски за време на Студената војна, но тие беа запоставени по падот на „железната завеса”, се вели во текстот на АП.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјавил дека Русија планира да го прошири постојаното воено присуство надвор од своите граници отворајќи воени бази во некои странски земји, вклучувајќи ја и Куба.

Москва моментално има само една поморска база надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз, а таа се наоѓа во Тартус во Сирија, но судбината на оваа база е неизвесна поради граѓанската војна која и понатаму трае во оваа земја, наведуваат руските агенции.

Постсоветска Русија ја затвори големата поморска база во Виетнам и една радарска база на Куба во 2002 година поради финансиски притисок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1