Руски новинар пронајден убиен во својот стан


Рускиот новинар Дмитри Циликин (54) е пронајден мртов во својот стан во Сенкт Петерсбург, соопшти руската полиција

Мртвото тело на новинарот било откриено откако неговите роднини и пријатели не можеле да стапат во контакт со него, па ја алармирале полицијата.dmitrij-ciklin

Циликин бил пронајден во станот со повеќе рани од нож по телото. Полицијата верува дека бил мртов најмалку два дена, пред да се открие неговата смрт. Од станот исчезнале неговиот личен компјутер и мобилниот телефон.

Засега не се знаат мотивите за ова убиство, но полицијата се сомнева дека станува збор за внатрешни, семејни проблеми.

Дмитри Циликн е добро познато име во руското новинарство, во кое работел теми од културата и како уметнички критичар.

Најмногу има работено за радиото и телевизијата, но пишувал и за рускиот весник „Комерсант“, како и за модните списанија „Вог“ и „Ел“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1