Драма во судот, ја поли судијката со бензин и бараше да го ослободи


Обвинетиот Хозе дос Сантос (36) од Сао Паоло, Бразил за зграпчил судијката Татјана Мореира Лима и ја зел како заложник пред да почне судењето во кое бил обвинет за семејно насилство. Страотниот инцидент во судницата траел цели 20 минути, а со камера снимал еден полицаец.sudijka-napadnata-640x320

Сантос ја полил со бензин судијката и држел запалка во рака и се заканувал дека ќе ја запали ако не го прогласи за невин за нападот врз својата сопруга.

Сантос наводно планирал да стане првиот бразилски бомбаш самоубиец, а во својот ранец носел и молотов коктел.

Кога стигнал во суднициата запалил мал пожар на влезот и успеал да ги избегне полицајците кои пукале во нео. Кога влегол во канцеларијата на судијката ја зграпчил за врат и ја полеал  со бензин. Ја фрлил на подот и клекнал врз неа, а потоа и рекол да го ослободи зоште „не бил насилен човек“.

Тогаш побарал и полицаецот да го снима, зошто сакал да биде на телевизија.

Судијката цело време ја држел за врат и ја терал да ги повторува неговите зборови: Не си виновен и слично, а се обратил и на својата ќерка дека не бил гад и дека не е виновен.

Тој се занел во насилството, и во зборувањето пред камерата, а во тоа време полицајците подготвиле напад. Успеале да го совладаат со апарат за гаснење пожар.

Судијката е однесена во болница, а кратко потоа и пуштена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1