Припадникот на руската опозиција Александар Долматов, член на нерегистрираната партија “Друга Русија”, се самоуби во бегалски центар во Амстердам
Тој побарал политички азил во Холандија, по учеството во демонстрациите против рускиот режим во мај минатата година. Долматов не добил азил, но наскоро требало да се одлучува за неговата жалба.
Долматов избега од Русија, откако беше уапсен на 6 мај за време на демонстрациите организирани во пресрет на полагањето заклетва на новоизбраниот претседател Владимир Путин.
Тој беше ослободен, но се плашеше дека повторно ќе биде уапсен и обвинет.