Министерството за правда на САД соопшти вчера дека против рускиот државјанин Евгениј Никулин се покренати обвиненија за хакирање на компјутери на Линкедин, Дропбокс и Формспринг (LinkedIn, Dropbox и Formspring).
Русинот беше задржан на 5 октомври од властите на Република Чешка и останува во притвор во Прага, се вели во соопштението на Министерството.
Обвиненијата се покренати вчера од големата федерална порота во Оукленд, Калифорнија.