Руските банки се префрлаат на Кинескиот „UnionPay“ откако „Visa“ и „Mastercard“ ја прекинаа работата


Во неделата, неколку Руски банки објавија дека планираат да започнат со користење на Кинескиот „UnionPay“ трансакциски оператор. Овој чекор, дојде брзо по воведените санкции од страна на Mastercard и Visa кои ги исклучија сите Руски банки од својот систем на плаќање.

Во саботата, интернационалните компании „Visa“ и „Mastercard“ објавија дека ќе се придружат на воведените санкции од страна на западните земји кон Русија, како одговор на Руската агресија врз Украина.

Visa и Mastercard се најновите интернационални брендови кои воведоа санкции врз Русија поради конфликтот со Украина. Претходно компании како: „PayPal, Netflix, Intel, Airbnb и Rolls Royce“, објавија дека се повлекуваат од рускиот пазар.

Руските банки, вклучувајќи ја и „Sberbank“, како најголема банка во Русија, како и „Alfa Bank“ и „Tinkoff“, објавија дека целосно ќе се префрлат на Кинескиот UnionPay поради последните случувања. Некои од Руските банки како што се: „Pochta Bank, Gazprombank, Sovcombank“ и неколку помали банки веќе имаа случено договор со „UnionPay“ и целосно ги користат нивните услуги.

„UnionPay“, како интернационален систем на плаќање е создаден во 2002 година, а во 2005 година го доби својот интернационален статус. Со седиште во Шангај,, компанијата соработува со повеќе од 180 земји ширум светот, вклучително и Швајцарија, Грција, Италија, Шпанија, Германија, Мексико, Кипар, Тајланд, Индија, Израел, Хрватска, Полска, Србија, Унгарија и Австрија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1