Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека три руски тенка ја поминале границата и влегле во Украина, јави Би Би Си.
Тенковите поминале преку контролниот пункт во Луганск, кој е под контрола на руските сепаратисти.
Тенковите се упатиле кон градот Горловк, каде ги запрела украинската војска.
-Тенковите ја нападнаа нашата војска и борбите се во тек. Не можам да кажам каков е резултатот, но знам дека дел од колоната е уништен- рече украинскиот министер.