Руслана бара Обама да и помогне на Украина


DSC0266jpg-3137896_p9

Украинската поп ѕвезда, Руслана, победничка на Евровизија и активист за проевропска Украина, бара од Вашингтон помош и го повикала Барак Обама да покаже храброст и да ги запре акциите на Русија во нејзината земја.

ruslana3

„Граѓани од целиот свет, ве молам за помош… Путин претставува предизвик за сите нас“, изјавила на вчерашниот прием во Вашингтон пред 800 гости меѓу кои биле и министерот за одбрана на САД, Чак Хејгел, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и други државници од НАТО.

„Еве ја мојата молба до Америка: господине Обама, зборовите не може да ги спречат тенковите. Војната мора да биде запрена само со одлучна акција. Бидете лидер, завршете ја војнат, помогнете и на Украина и сочувајте ја слободата“ изјавила пејачката.

ruslana-kulak

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1