САД ги прислушувале и канцелариите на ЕУ – доказ е таен документ


Повикувајќи се на таен документ, германскиот весник Der Spiegel тврди дека Соединетите Американски Држави ги прислушувале канцелариите на Европската унија и пристапувале до интерните компјутерски мрежи.
Israel-spy-ringВесникот исто така тврди дека американската служба НСА ги озвучила просториите во ЕУ во Вашингтон, како и во ОН.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц веднаш побара итна истрага за случајот, наведувајќи дека е ‘шокиран’ и „сериозно загрижен поради извештајот за шпионирање“.
Der Spiegel ги темели своите обвинувања на доверливите документи до кои дошол преку поранешниот соработник и консултант на американската НСА, Едвард Сноуден.
Во еден од тие документи од 2010 година кој е маркиран како „строго доверливо”, НСА опишува како ги шпионирала дипломатските претставништва на Европската унија во Вашингтон.
ЕУ во 2003 година објави дека открила систем за телефонско прислушување на канцеларии во неколку земји, меѓу кои и во Франција и во Германија. Не е познато дали станува збор за ист случај за кој пишува и германскиот неделник.
Нет прес
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1