САД: Ги убил ќерката и шесте внучиња па се самоубил (ВИДЕО)


Педесет иедногодишен маж од Флорида ги убил во четвртокот во својот дом ќерката и шесте внучиња пред да изврши самоубиство.

Дон Спирит ја повикал службата 911 и се застрелал откако на местото на злосторството пристигнал заменикот на шерифот изјави за локалните медиуми Роберт Шулц, шериф на округот Гилчрист. Сите во домот се убиени, рекол шерифотubistvo-orlando2

Додал дека Спирит ги застрелал својата 28-годишна ќерка Сара Лорејн Спирит, и шесте деца од двајца татковци, и тоа на 11, 9, 8, 5 и 4- годишна возраст, а најмалата жртви била родена во јуни година.

Злосторството се случило во близина на Бел, гратче со околу 500 жители, на 56 километри западно од Геинсвил.ubistvo-orlando

Спирит поради кривични дела и претходно и’ бил познат на полицијата, рекол Шулц. Додал дека засега иследниците немаат мотив за трагедијата.

Дон Спирит во 2001. година веќе го убил својот 8-годишен син, но минал со “убиство од небрежност”, излегол од затворот на Флорида во февруари 2006 година, откако одлежал три години во врска со смртоносното застрелување на својот син осумгодишен Кајл Спирит, за време на лов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1