САД создале Кубански Твитер за да ја урнат власта во Куба – откриени се, зад стои УСАИД


Владата на САД го создаде “Кубанскиот Твитер”, мрежа за комуникација наменета да се поткопа комунистичката влада во Куба, изградена со тајни посреднички компании и финансирана преку странски банки, дознава “Асошиетед прес”.

Двегодишниот проект привлекол 40.000 корисници, кои не знаеле дека комуникациската мрежа е создадена од американска агенција со цел да поттикне политичко дисидентство. Тие, исто така, не знаеле дека нивните лични податоци се собираат. Според објавени документи, зад проектот стоела Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), што обезбедува помош за сиромашните во светот.

Kuba-tviter-obama-copy

Комуникациската мрежа “СунСунео”, е наречена по кубанскиот жаргон за колибри и првенствено насочена кон младите. Планот на социјалната мрежа предвидувал да бидат привлечени одреден број корисници со информации за спорт, музика и други теми. Потоа сервисот објавувал политички содржини во обид да предизвика спонтани демонстрации. Според објавен документ на УСАИД целта била да се промени балансот на власта меѓу државата и општеството.

Голем број документи покажуваат дека УСАИД многу внимавале да ги прикријат врските на официјален Вашингтон со проектот. Користени биле компании, регистрирани во Шпанија и на Кајманските Острови за прикривање на паричните текови. УСАИД изјави дека програмата “СунСунео” била прекината во септември 2012 година.

Корисниците не биле свесни дека платформата ја направила американска агенција со врски со Стејт департментот, ниту дека американските службеници собирале нивни лични податоци, надевајќи се дека ќе можат еден ден да ги искористат тие информации за политички цели. Не е познато дали шемата била изведена согласно законите на САД, кои предвидуваат да се добие писмено овластување за тајна операција од претседателот и известување на Конгресот. Претставници на УСАИД не коментираа кој ја одобрил програмата и дали Белата куќа знаела за истата. Кубанската влада одби да коментира.

Kuba-Tviter-Telefon-Drustvene-mrezeВо најмала рака, информациите што ги откри “Асошиетед прес” ги засенија долгогодишните тврдења на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) дека не спроведува тајни операции, а исто така би можело да ја поткопа мисијата на агенцијата да достави помош до сиромашните и ранливите групи ширум светот, напори што подразбираат доверба и соработка со странските влади. УСАИД и нејзините службеници во голема мера се потрудиле да ја скријат поврзаноста на Вашингтон со проектот, според интервјуата и документите до кои дојде “Асошиетед прес”.

Основале компании во Шпанија и на Кајманските Острови за да ја ги скријат доказите за паричните трансфери и ангажирале главни извршни директори без да им кажат дека ќе работат на проект финансиран со пари на даночните обврзници на САД.

“Никаде нема да се спомнува вмешаноста на владата на САД”, стои во меморандум од 2010 година од “Мобајл акорд”, еден од креаторите на проектот. “Ова е апсолутно круцијално за долгорочниот успех на услугата и за да се обезбеди успехот на мисијата.”

Проектот наречен “ЗунЗанео”, кубански сленг за зборот “твит”, бил официјално пуштен набрзо по апсењето на американскиот службеник Алан Грос во Куба во 2009 година. Тој беше уапсен откако повеќепати патувал во државата преку друга тајна мисија на УСАИД, за ширење на пристапот до Интернет преку осетливи технологии што ги користат само владите.

cubaУСАИД соопшти дека се гордее со завршената работа во Куба за обезбедување основна хуманитарна помош, промовирање на човековите права и основните слободи и помош за послободен тек на информациите до кубанскиот народ, кој според УСАИД веќе 50 години живее под диктаторски режим. Агенцијата соопшти дека нејзината работа е во согласност со законите на САД.

Сенаторот Патрик Ли и претседател на поткомитет за операции во странство изјави дека новооткриените информации за ЗунЗунео се вознемирувачки.
“Има ризик за младите кубански корисници на мобилни телефони кои не биле свесни и не се сомневале дека се работи за активност финансирана од владата на САД”, изјави тој. “Се работи и за тајноста на програмата за која не знаел поткомитетот кој има одговорност како контролор. Исто така, тука е фактот дека очигледно била активирана набрзо откако беше уапсен Алан Грос, службеник на УСАИД кој беше испратен во Куба за да им помогне на граѓаните да дојдат до пристап до Интернет.”

Кој да знае дека ЗунЗунео е американски!

“Ова беше толку прекрасно нешто”, изјави Ернесто Гера, кубански корисник кој воопшто не се посомневал дека неговата омилена мрежа има врски со Вашингтон. “Како би можел да знам?”, рече Гера во интервјуто во Хавана. “Немаше знак на кој пишуваше: Добредојдовте на ЗунЗунео, овозможено од УСАИД.”

Повеќе од две години ЗунЗунео се ширеше и достигна бројка од најмалку 40.000 корисници. Меѓутоа, документите покажуваат дека тимот нашол докази оти кубански службеници се обиделе да го најдат изворот на пораките и да го пробијат системот на ЗунЗунео. УСАИД изјави за “Асошиетед прес” дека ЗунЗунео престанал да функционира во септември 2012 година кога завршил владиниот грант.

ЗунЗунео нагло го снемало во 2012 година, а Комунистичката партија уште е на власт во Куба и на повидок нема никакви знаци за Кубанска пролет.
“Во моментот кога исчезна ЗунЗунео, настана вакум”, вели Гера кој ја користел мрежата. “На крајот не дознавме што се случило. Никогаш не дознавме од каде се појави.”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1