Сајтот на МВР е ранлив – тврдат македонските хакери (Фото)


Македонските владини сајтови се ранливи и полни со дупки – затоа и ни се случува да ги ,,шминкаат,, хакерски групи од надвор постојано – тврдат македонски,, бели,, хакерски групи кои ја нудат бесплатно својата помош да им укажат на сајтовите каде им се пропустите и на тој начин да ги заштитат од нападни на хакерите.

Како актуелна тема деновие се се почестите cyber напади од соседските држави кон Македонија и обратно, се случија неколку важни моменти, после палењето на Македонското знаме во Тирана,

Македонската хакерска група “Macedonian Dark Security” возврати со тоа што беа хакирани неколку владини сајтови во овие земји. По нив Албанските хакери возвратија со искористување на ранливоста на сајтот на претседателот на Р.Македонија и го нашминкаа (deface-ираа). Во меѓувреме се случи примирје како што известуваат од Macedonian Dark Security со неколку поголеми Албански хакерски групации, но тоа не значи и дека de facto сајтовите остануваат безбедни. Секогаш има други напаѓачи кои ке пробаат да навлезат во серверите и да ги “нашминкаат” сајтовите или да извлечат некоја тајна информација.

,, Сето тоа е резултат на неможноста или незнаењето на web developer-ите да си ги заштитат сајтовите, а уште потрагично е тоа што истите такви се вработени во Владата на Р.Македонија,, тврдат од македонската хакерска група “Macedonian Dark Security” кој на својата фан страна на Фејсбук објави и дека нуди бесплатна помош во врска со заштитата на владините и останатите поголеми сајтови.

“Tие што се задолжени за заштитата на сајтовите, ги оставаат ранливи заради тоа што не им се работи или пак немаат ни основно познавање од заштита на истите, а платата ја чекаат бадијала. Потоа кукаат кога ке го видат нашминкан нивниот сајт, посебно владините сајтови.

За ова време (неколку години – колку што функционираме како активна група) откривме многу ранливи Македонски владини сајтови, испративме известувања на секој поединечно, но се што добивме е арогантна порака од типот: “Кои сте пак вие да ми кажете што јас да правам и како да го заштитам сајтот”, или пак комплетно ја игнорираат пораката и после овој им е крив оној им е крив… НЕ! Сами си се криви, ние ке продолжиме да соработуваме со сите што се отворени за соработка и ке го делиме нашето знаење несебично за тие што сакаат да научат. До сега немаме сретнато некој бесплатно да понуди тестирање на ранливости и решение за истите доколку се пронајдат, ние го нудиме за сите тие што се заинтересирани, се со цел да се подобри IT сферата во Македонија, и да не гледаме повеќе нашминкани сајтови од Грци, Албанци и сите останати што имаат за цел да ја понижат нашата држава на начинот на кој што го прават тоа.” – беше напишано од страна на Macedonian Dark Security.

Според нив овие фотографии се доказ за ранливоста на сајтот на МВР, а оваа дупка во сигурноста тврдат дека постои долги години наназад.

 

Се работи за напад наречен XSS кој доколку се искористи правилно може да биде доста кобен по сајтовите, се изведува на начин преку кој се крадат колачињата (најчесто употребуван начин) од корисниците (администраторите) и се инјектираат во Web Browser-от, со што се добива целосна контрола над администраторските функции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1