Паника: 26 нуклеарни централи директно на патот на ураганот Сенди


Губењето на електричната енергија, како последица на ураганот Сенди, би можела да биде најмала грижа за милионите Американци, откако веќе беше проектирана патеката на истиот, која поминува преку 26 нуклеарни централи.


Повеќе од дваесетина нуклеарни објекти по источното крајбрежје би можеле да бидат опустошени од страна на бурата . И покрај тоа што истите се исклучени како подготовка на силното невреме, експертите предупредуваат дека истите би можеле да бидат опасни поради радиокативните материјали во нивните ладни базени. Истите предупредуваат на можни сценарија како оние кои што се случија во Јапонија, од подводните земјотреси.

Кога фабриката ќе се исклучи, вишокот на радиоактивна енергија, која што ќе се произведе, нема да има каде да се потроши, што би можело да претставува главната опасност. Постојат дополнителни 5 % вишок на моќ кој што централата ја продуцира по нејзиното исклучување. Потребано е временски период за да се оладат реакторите.


Една од нуклеарните централи која што застанува на патот на невремето е најстарата централа во Америка „Oyster Creek“ во Њу Џерси. Покрај неа заради бурата ќе биде исклучена уште еден нуклеарен реактор во Њу Џерси, а останатите централи ќе ја намалуваат својата работа доколку бурата јакне, јавува Ројтерс

Федералната влада веќе испрати инспектори со цел да проверат дали нукларните фабрики се подготвени за ураганот Сенди. Процедурите налагаат сите централи да се исклучат, во случај на силни невремиња, како што е во овој случај. Но исто така смируваат дека централите се изградени со цел да бидат отпорни од поплави и силни ветрови. Тоа се цврсти изградби кои што се способни да издржат и силни урагани.

Експертите предвидуваат дека супербурата би можела да предизвика штети поголеми од три милијарди долари, иако некои сметаат дека оваа сума ќе биде далеку поголема.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1