Еве го вистинското дете. Неговото име е Хомајун и живее Газни, провинција во Авганистан.
Ова го напиша Меси на неговиот Твитер профил, откако успеа да го пронајде вистинското дете, кое го привлече вниманието на целиот свет.
Фотографијата од момчето кое наместо дрес облекло пластична кеса, на која со маркер го напишало името на Меси и бројот на дресот, ги растажи корисниците на друштвените мрежи, па и самиот фудбалер.
Таа фотографија се појави пред околу една недела, а славниот фудбалер ја објави и напишал дека срцето му се распарува и дека би сакал некако да дојде до ова дете за даму даде специјален подарок.
Потрагата траеше се до денеска
Имено, вчера прво се појавија гласини дека детето е најдено во Ирак, а курдската телевизија „Курдистан24ТВ“ дури му направи и интервју на тоа мало момче.
Но, денеска вистината излезе на виделина- момчето од Ирак всушност не било тоа кое го носеше дресот од кеса.
Еве го вистинското момче.