Цени, гратис возења, продажни места – ЈСП со појаснување за новиот систем


Поради настанати недорабирања околу функционирањето на новиот систем за електронска наплата, вклучувајќи го и тарифниот модел на ЈСП СКОПЈЕ, од претпријатието денес преку писмено соопштение ја известуваат јавноста за повеќе информации поврзани со самиот систем.

Од ЈСП информираат дека билетите за едно возење, заради унифицираноста на цените од двете зони, повеќе не се продаваат во билетарниците, бидејќи истите можат да се купат во самото возило.aparati jsp

Што се однесува до картичките за електронска наплата, Од ЈСП информираат дека самите картички чинат 150 денари за неперсонализираната и 200 денари за персонализираната без впишување на билет на истите. Овие картички имаат важност од минимум 4 години, се до нивно евентуално оштетување.

ЈСП СКОПЈЕ овозможи две гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичката, туку само ја надополнува со парични средства. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно уште колку возења може да се остварат (во зависност од типотна билет). Износот кој може да се надополни на билетите се движи од 100 до 6.000 денари, велат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, а надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички.jsp avtobus vnatre

Исто така, картичките задолжително треба да се валидираат на валидаторите, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за возрасната категорија на граѓани.

Услугите на бесплатните билети за возрасната група на граѓани (над 62 год за жени и 64 за мажи) можат да ја користат жителите на Скопје, со вадење на персонализирана картичка, а услугите на бесплатни билети за студенти можат да ги користат исклучиво редовните студенти од државните универзитети, кои имаат студии исклучиво во Скопје.

За добивање на овој билет, студентите се должни да достават потврда од редовен студент од матичниот факултет, да понесат индекс и лична карта и да ги поднесат во најблискиот инфоцентар. Доколку некој имал извадено персонализирана картичка пред 01.01.2016, за да го добие новиот билет ќе мора повторно да ја донесе бараната документација, за билетот да му биде впишан на веќе постоечката картичка, велат од ЈСП.jsp aparat3

Распоредот на линиите се објавува на веб страницата www.jsp.com.mk каде што може да се проверува распоредот по датуми, а  диспечерскиот Центар на ЈСП СКОПЈЕ е одговорен за редовноста на линиите, како и за моментална реакција по однос на настанување на било каков проблем во сообраќајот и со возилата кои што се пуштени во сообраќај (сообраќајни незгоди, работа на пат итн.).

ЈСП СКОПЈЕ во најкраток рок обезбедува ново возило во сообраќај, за да се намали времето на чекање на патниците и навремено стигнување до своите дестинации.

ЈСП СКОПЈЕ преку својата веб страница навремено информира за било какви пречки во сообраќајот за засегнатите линии.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1