“Доколку Меркел продолжи со исто темпо, тогаш во Германија може да се очекува кривична пријава против канцеларската служба, бидејќи тоа што го прави тајната служба во согласност со канцеларската, претставува повреда на нашиот устав”, изјавил Габриел за весникот “Neue Osnabrucker Zeitung”.
Од Меркел, очекувам да ги застапува германските интереси, исто така, и против САД, а не интересите на американските разузнавачки служби во Германија – рекол Габриел, и истакнал дека сака германските власти да имаат подобра заштита на своите податоци.
Меркел, неколку месеци пред сојузните избори, најавени за 22. септември, поради американската шпионска афера се нашла под тежок удар на германската опозиција, која ја обвинува дека ја повредила и прекршила сопствената канцеларска заклетва.