Сакале да и ја земат: Мисица побегнала со круната вредна 120.000 долари


Осумнаесет годишната Мај Мјат Ное од Мјанмар, која во мај годинава во Сеул беше прогласена за најубава девојка во источна Азија веќе неколку недели се крие од организаторите на натпреварот, а преку свои пријатели порача дека нема намера да ја врати круната, вредна 120.000 долари.

120988184

Организаторите на изборот на најубава девојка на источна Азија одлучиле да и ја одземат титулата, а со тоа и скапата круна, прогласувајќи ја Мај Ное за непристојна.

Таа одбила да се подложи на пластична операција на градите и носот, што од неа го побарале организаторите на натпреварот за убавина. Иако имала веќе платен авионски билет до Сеул и обезбеден термин за пластична интервенција, таа од Јангун, наместо во Сеул одлетала во Малезија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1