Сакале да му ја отсечат главата на киднапиран заложник – снајперист ги убил од километар


Снајперистот на британските Специјални сили застрелал припадник на ИС, додека тој се подготвувал да обезглави  еден маж и неговиот син. Тој го застрелал со прецизен погодок во главата од далечина од илјада метри, известиле медиумите.

Откако ги спасил преплашениот осумгодишник и неговиот татко, снајперистот погодил уште двајца милитанти кои го чувале местото на егзекуцијата. Три убиства со три куршуми. Драматично филмско спасување на татко и син се случило во јули во близина на границата на Сирија со Турција, пишува express.co.uk.snajper

Ги принудуваат локалните жители да гледаат

ИС ги прогласи таткото и неговиот син за неверници, бидејќи се шиити. Специјалците кои пристигнале на местото на извршување на “пресудата” во сириската пустина сведочеле на мачната глетка; обезглавени крвави тела лежеле насекаде. Прво мислеле да нападнат од воздух, но процениле дека во тие напади би загинале и невини цивили. Затоа се одлучиле да го користат снајперот. Според тврдењата на медиумите, на дивјачките егзекуции насилно присуствувале локалните жители.

“Војниците преку двоглед виделе дека многумина во толпата плачат и се преплашени”, рече еден извор за новинарите.

Побегнале во Турција?

Маж и неговиот син биле донесени пред џелатот со врзани очи. Тие ги натерале да клекнат. “Високиот маж со брада извади еден голем нож. Нешто ѝ кажувал на толпата, и при тоа ги удирал мажот и неговиот син по главата. Покрај егзекуторите стоеле двајца членови на ИС со калашникови “, зборуваат сведоците.

САС-овиот војник прво го застрелал егзекуторот, а потоа другите двајца.

“Некој дотрчал до таткото и синот, им ги поврзал рацете и им го симнал превезот од очите. Прво, тие гледале неверувајќи во телата, а потоа избегале. Последен пат тие биле забележани во камион кој одел кон турската граница, “раскажа изворот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1