Сакале да направат селфи, паднале од карпа висока 80 метри – загинале пред своите дечиња


“Селфи” треската која го тресе светот посведочи уште една трагична смрт на двојка која се лизнала и паднала обидувајќи се да позираат на раб од карпа. 

Полската двојка паднала од височина од 80 метри во Кабо де Рока, на западниот брег на Португалија додека нивните преплашени дечиња ги гледале, пренесува Mirror.

deca-630x419Обидите за враќање на телата морале да бидат запрени во саботата бидејќи временските услови од Атлантскиот Океан ја направиле задачата невозможна. 

Португалските власти сега ја спроведуваат истрагата за инцидентот, иако се верува дека парот се обидувал да направи “заедничко селфи” во моментот кога паднале.  Операцијата повторно започнала во неделата околу 06:30 часот, кога спасувачки тим успеале да стигнат до местото каде што лежеле телата. 

Дечињата, на возраст од пет и шест, моментално се во грижата на полски дипломати и ги прегледуваат психолози по трауматичниот настан. 

Кабо де Рока е популарна туристичка дестинација и се наоѓа далеку од западниот дел на континентална Европа.

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1