Сакале да продадат 100.000 тони месо – старо 40 години!


Расипаното “зомби месо” се праќало во Кина и се продавало во малите ресторани, а кога готвачите го подготвувале со зачини, луѓето не можеле да откријат што јадат.
meso40godin
кинеската санитарна инспекција запленила 100.000 тони месо, старо 30 до 40 години, кое требало да биде испорачано на пазарот. Вкупната вредност изнесува 436.161.481 евра. Во “резервите” имало свинско месо од 70-тите години од минатиот век, но и пилешки крилца од 80-тите.

Само во провинцијата Хунан биле откриени 800 тони “зомби месо”, вредно 1.454.065 евра. Откриени биле 20 банди и уапсени биле 22 лица.

Јанг Бо, заменик директор на царината во Чангжу, престолнина на провинцијата Хунан, вели дека тоа месо потекнува во главно од САД. Било шверцувано преку Виетнам и Хонгконг во обични камиони и некогаш не минало низ инспекција.

Кога пристигнало во Кина било повторно замрзнато и пратено во различни делови на земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1