Во распаднатата и стара куќа со мирис на влага, живите и итри очиња на шестгодишниот Иван ве пречекуваат во собата, од неговите усни почнуваат приказните за игрите и желбите што тој ги има, а не може никој да му ги исполни.
Тој сака детска соба, таблет и компјутер. Во оваа куќа живее со неговата баба и 18 годишен чичко. 58 годишната Виолета со години живее со снаоѓање помош од нејзините ќерки, комшиите, а не ги заборавиле и од католичката црква. Годините и реумата ја натерале да побара помош преку телевизија. Тешките воздишки ги прекина со нејзината животна приказна.
„Мајка му го остави кога беше бебе, татко му, син ми е во затвор поради пренесување на имигранти седум години робија. Ние сме сами, живееме тешко, во мизерни услови“ , вели Виолета Стојановиќ
Струја немаат една година, поради неплатен долг од 320 илјади денари, а и водата им е пред исклучување. Социјална помош не прима, нема ниту пензија. Единствена светлина е свеќата, и нејзе ја штедат, гори само кога Иван вечера. Единствена надеж е нејзиниот 18 годишен син, кој завршил за готвач да почне да работи и да и помогнат оние кои можат да ја поправат разурната куќа.
„Кој може да ни помогне, немаме струја, готвиме на плинско за кафе, мора за Иван да има јадење“, објасни Виолета.
Иван е најсреќен, кога баба му ќе подготви пржено јајце и колбаси. Кога ќе пораснел сака да го вози најголемиот камион на светот.
„Сакам сладолед на корнет, оној од 20 денари, таков не сум пробал“, раскажа Иван.
Бабата и внукот останаа во куќата. Таа се надева дека ќе го израсне Иван во подобри услови без влага, инсекти под тепихот. Иван вети дека кога ќе порасне ќе ја чува неговата единствена баба Виолета.
075 899-729 – Личен контакт за помош на Виолета и малиот Иван од Волково.
Канал 5