Сакате да управувате со помош на мислите? Звучи неверојатно, но можете! (Видео)


Фирмата „Interaxon“ смисли уред „Muse“ кој се носи на главата и кој ја прикажува активноста на мозокот на екранот на смартфон.

upravuvanje so misliСо време се планира истиот да се користи како далечински управувач за телевизор, или лаптоп, за пратење на состојбата на вашиот мозок во медицинските центри, подобрување на вашата концентрација, одржување во свесна состојба за време на долгото возење и контрола и менување на температурата во просторијата.

Има два сензори на делот кој се става на челото, и два за ушите. Се носи слично како очилата, само нешто повисоко на челото.

Веќе постојат софтверски апликации кои го користат, а во „Interaxonu“ велат дека во иднина ќе се отвори можност за развој на програмирања за изработка и на други апликации.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1