Сакате да живеете подлго – кукајте им на пријателите почесто, не јадете загорено… – вели Др Оз


Мегапопуларниот д-р Оз советува здрав сон, јадење зеленчук и почесто водење љубов за подолг животен век

Сон – Одредете кога ќе легнувате и придржувајте се кон планот. Внимавајте – 7 часа сон не само што помага да живеете подолго туку и го намалува стресот, ја подобрува меморијата и ја намалува желбата за грицки.

budenje alarmНе поместувајте го алармот – Секој пат кога наутро ќе го одложите алармот, вие ги нарушувате своите хормони и природни циклуси на различни фази на спиење. Тоа може да направи да се чувствувате уморно наутро откако ќе станете. Значи, поставете го алармот точно на времето за будење и никогаш не прекинувајте го својот сон со негово поместување – подобро наместо тоа, заминете малку порано на спиење!

Дишете длабоко и тегнете се пет минути – Кога ќе се разбудите добро, протегнете се. Потоа седејќи на креветот, допрете ги прстите и стапалото, олабавете ги колковите и спуштете ја главата. Затворете ги очите и концентрирајте се на вашето дишење пет минути. Со ваквиот антистрес тренинг може да го намалите ризикот од срцев удар, да ги ублажите последиците од стресот, да ја подобрите циркулацијата и да додадете неколку години на својот живот.

dr oz2Заби, ризик за срце – Без разлика колку темелно ги четкате забите, хигиената не е потполна. Тоа е како да миете само една пазува наутро. Но, опасноста доколку не користите забен конец не е само околу хигиената – бактериите што остануваат го зголемуваат ризикот за болести на срцето.

Измет – Не пуштајте го казанчето веднаш. Погледнете во шолјата, изметот кажува многу за вашето здравје. Треба да биде целосен, во форма на буквата Ѕ. Ако е згрутчена или паѓа како џамлија, зголемете го внесувањето вода и растителни влакна.

Јадете Jајца за појадок – Истражувањата покажале дека консумирањето протеини за појадок влијае во текот на денот да се внесуваат помалку калории. Значи, изедете по некое јајце во утринските часови за правилно да го почнете денот. Јадете и жолчки, зашто тие може да ги намалат воспаленијата во мозокот поврзани со Алцхајмеровата болест.

cajЗелен ЧаЈ – Пијте зелен чај 3 пати дневно. За разлика од црниот чај, во зелениот има полифеноли кои помагаат за срцето и превенираат рак (кога се ферментира, ефикасноста се губи). Исто така, зелениот чај ја подобрува свесноста.

Здраво потење – Ако се испотите барем 1 час неделно, ќе имате многу корист: намален ризик од срцев удар, подобро расположение и намален крвен притисок.

Наполнете половина од вашата Чинија со зеленчук – Зеленчукот треба да биде ‘рбетот на вашата исхрана, бидејќи има исклучителна хранлива вредност и подолго време може да ве држи сити. Задолжително наполнете ја чинијата со шарен зеленчук за намалување на крвниот притисок, да го одржите нивото на шеќер во крвта и да го намалите ризикот од срцеви заболувања. Јадете 9 парчиња овошје и зеленчук секој ден и ќе ги добиете бенефитите без да се откажувате од другите јадења. Овие јадења се подобри од лекови.

VitaminD-SunВдишувајте длабоко – Правете го ова секогаш и сегде. Со ова, вашите бели дробови ќе бидат исполнети со азотен моноксид, молекула која се наоѓа зад носот и ги отвора крвните садови. Кислородот ќе ве натера да се чувствувате посреќно и посвесно.

Престојувајте 15 минути незаштитени на сонце – Нашето тело ја користи природната сончева светлина за да го претвори витаминот Д во телото во својот активен облик, односно витамин Д-3, кој помага во изградба на здрави коски и силен имунолошки систем. Изложувајте се на сонце 10-15 минути дневно пред да го нанесете заштитниот фактор за да ги искористите сите предности на сонцето.

Поканете пријател на гости – Социјалната поддршка може да направи чуда за вашето здравје. Значи, кога сте нервозни и под стрес, јавете се на драг пријател. Споделувањето на вашите грижи со некого кому му верувате го отпушта окситоцин во вашето тело, кој помага во борбата против стресот и го намалува крвниот притисок. Сте се запрашале зошто жените живеат подолго од мажите? Тие формираат тесни кругови и зборуваат за своите проблеми. Ако стресот го доживувате сами, побрзо ќе остарете. Банкрот, на пример, донесува огромен стрес за вашето тело. Со љубовта и поддршката на некоја друга личност, стареењето ќе се забави.

dr oz opra 2Движете се повеќе – Една неодамнешна студија покажа дека умереното вежбање може да биде од корист за губење на тежината и за целокупното здравје отколку напорниот тренинг. Трудете се да го забрзате својот пулс околу 30 минути дневно, пет пати неделно со вежби како што се трчање, возење велосипед или брзо одење. Секогаш определете се за умерена физичка активност отколку едночасовен интензивен тренинг во теретана по што ќе бидете исцрпени и гладни.

Не јадете загорено – Ако правите скара, внимавајте рибата, месото или зеленчукот да не ви загорат. При печењето, доаѓа до формирање канцерогени супстанции – не консумирајте ги јагленосаните парчиња. Месото секогаш маринирајте го пред печењето, така се намалува количината на штетните состојки што настануваат при печењето.

Водете љубов – Ако маж во своите педесетти години може да води љубов 700 пати годишно, активноста и намалениот стрес ќе го направат да изгледа многу помлад. Не би ви препорачал да се откажете од својата работа за да ја стигнете оваа бројка, но пробајте, нема што да загубите.

Утрински весник 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1