Најниска плата 35.000 денари има во 186 фирми во Македонија – дали сте меѓу нив?


Во 186 македонски компании најниската исплатена нето плата надминува 35.000 денари, а статистичарите регистрираат уште 239 во кои на најслабо платените работници месечно на сметката им легнуваат меѓу 30.000 и 35.000 денари.

pari

Фирми во кои најниската плата надминува 35.000 денари има во преработувачката индустрија, во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа, во работата со недвижнини, трговијата на големо и мало, а најмногу во стручните, научните и техничките дејности. Ги нема во земјоделството, градежништвото, рударството, а само две се во финансиската и осигурителната дејност.

Од друга страна, статистиката регистрира 3.269 деловни субјекти во кои воопшто не е исплатена нето плата и 44 во кои најниската плата е до 3.000 денари. Најголем дел од фирмите, или една третина од вкупниот број, на своите вработени им исплатуваат најниска плата што се движи меѓу 10.000 и 12.000 денари.

Најголем дел од вработените (19,6%) имаат плата меѓу 10.001 и 12.000 денари. Само 0,1% месечно нето добиваат до 5.000 денари, 7,1% се движат околу актуелната утврдена минимална плата со примања од 8.0001 и 9.000 денари, но 9% земаат плата до 14.000 денари, 15,5% до 25.000 денари и 6,4 % над 35.000 денари. Според статистичкиот приказ, во најдобра состојба се вработените во дејноста снабдување со електрична енергија, гас и пареа, каде најниската плата е од 9.0001 до 10.000 денари и ја примаат 0,1% од вработените, а највисоката од над 35.000 денари ја добиваат дури 42% од работниците.

pari

Плата над 35.000 денари имаат четвртина од вработените во областа информации и комуникации, 35% од ангажираните во финансиските дејности и осигурувањето и 13% од вработените во фирмите за стручни, научни и технички дејности.

Најчесто исплатуваната нето плата во земјоделството и градежништвото е до 12.000 денари, додека во образованието 62,2% од вработените имаат месечни примања до 25.000 денари.

Колку работи просечниот Европеец за да заработи колку шефот за еден час?

На просечниот италијански работник му требаат 10 дена за да заработи 767 евра, колку што просечниот извршен директор во фирмата заработил за еден час, велат пресметките на Економист. Најголемата разлика меѓу најдобро и најслабо платените меѓу анализираните држави има во поранешните советски земји и Шпанија и Италија. Разликата е најмала во нордиските земји.

Vecer 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1