Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ на 13 јуни во Хотелот Холидеј Ин во Скопје организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија.
Од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност.
Потребно е да се подготвени да се преселат во Доха, Катар, да се отворени и комуникативни, како и способни да работат во мултинационален тим.
Пријавувањето трае до 13 јуни, а деталите за тоа како да се пријавите и што е потребно за апликација, на следниот ЛИНК